Колку Јуве ќе заработи од продажбата на Манџукиќ?

EPA-EFE/DI MARCO

Хрватскиот репрезентативец Манџукиќ првично се очекуваше да биде искористен како дел од договорот за привлекување на Ромелу Лукаку и да пристигне на „Олд Трафорд” во комплет со Пауло Дибала.

Според „Тутоспорт”, Манчестер јунајтед е подготвен да плати помеѓу 10 и 15 милиони евра за правата на фудбалерот.

Тој неодамна потпиша нов договор со Јувентус до 2021 година, но се чини дека не се вклопува во плановите на новиот ментор Маурицио Сари, кој е подготвен да се раздели со него за скромна сума.

Во моментов, Хрватот добива 5,5 милиони евра годишно, а „црвените ѓаволи“ се подготвени да понудат благ пораст на шест милиони евра по сезона.

Минатата сезона, четврта во дресот на „Старата дама“, во Серија А во 25 натпревари имаше девет голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот