Колку долго варените јајца можат да стојат пред да се расипат?

Важно е да знаете колку всушност варените јајца можат да издржат пред да се расипат.

Најдобра солуција е да ги чувате во фрижидер. Така можат да издржат и една недела без да се расипат. Меѓутоа, ако го излупите јајцето, без оглед како го чувате, пожелно е да го изедете истиот ден.

Јајцата се чуваат на температура од 4 степени Целзиусови или на помала, во оригинална (картонска кутија), на полица што е во фрижидерот, а не на вратата и што подалеку од храна со силен мирис. Не се препорачува замрзнување на варените јајца.

Центарот за контрола и превенција на болестите јасно истакнува дека секоја храна што се чува два часа надвор од фрижидер веќе е расипана, а тоа важи и за варените јајца. На ова треба особено да се обрне внимание ако варените јајца се чуваат во многу топли простории или близу до извор на толлина. Тогаш се смета дека се расипани после само еден час.

Затоа кога ќе ги служите обоените јајца за Велигден, мора да водите сметка да не бидат повеќе од два часа надвор од фрижидерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот