Колку долго смее да се чува храната во фрижидер?

Фото: Профимедиа

Имате чувство дека премногу храна фрлате и се прашувате колку долго е препорачливо одредена храна и продукти да се чуваат во фрижидер? Еве листа што ќе ви помогне да заштедите пари и да си го олесните купувањето и складирањето производи.

Наведената листа е за чување производи во фрижидер на одредена температура од приближно 4,5 степени Целзиусови, но треба да обрнете внимание и на тоа дека рокот на траење на храната и на производите зависи од нивната свежина во моментот на купувањето.

Најдолго во фрижидер до шест месеци може да се чува неотворено пакување кашкавал, а путерот три месеци, додека маслинките и киселите краставички ќе бидат добри за јадење до еден месец.

Свежите јајца ќе ви траат три до пет недели. Сирењето ако е затворено во оригиналното пакување, ќе издржи до еден месец, додека отворено најдобро е да го изедете во рок од две недели.

Варените јајца и обарената сланина фрлете ги по една недела во фрижидер, додека по 3-5 дена истото сторете го со печено месо, тесто за леб, варена риба, компир пире, варено месо и варен сос.

Колку и да ви се чини мала разликата од само еден ден, по 2 до 3 дена не се за јадење – супи, варива, овошни пити или пита од тиква.

Свежата риба и месо ако не ги зготвите во рок од 1-2 дена, не помислувајте да ги замрзнете и да ги оставите за друг пат. Фрлете ги бидејќи најлесно можете да се затруете.

Отворено шише вино се чува еден до два дена, а потоа веќе го губи вкусот и освен за готвење некој сос, не ви препорачуваме да го пиете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот