Колку чини најмалиот SUV во гамата на Mercedes-Benz?
Моделот Mercedes-Benz GLB ќе се појави на европските саеми подоцна во оваа година, но компанијата веќе започна да прифаќа нарачки во Германија, каде кросоверот е достапен со почетна цена од 37.700 евра.
За споредба, моделот GLA, кој повеќе личи на градски луксузен автомобил, започнува од 30.333 евра, а поголемиот GLC започнува од 46.467 евра на германскиот пазар. Во САД, основните верзии на овие два модела се 33.950 и 40.700 долари, соодветно.
Единствените бензински мотори кои се достапни на почетокот на продажбата се 1,3-литарскиот со 163 коњски сили во верзијата GLB 200 и 2.0-литарски со 224 КС. кај верзијата GLB 250 4Matic. Додека понудата на дизел агратите е поразновидна и е подостапна кај GLB 180d, GLB 200d, GLB 200d 4Matic и GLB 220d 4Matic верзиите. Цените се движат од 37.770 до 44.601 евра. Овие модели имаат ист 2.0-литарски мотор кој развива 116 КС. и 280 Nm вртежен момент во најприфатливата верзија, и 150 КС. и 320 Nm во средината. А пак верзијата GLB 220d 4Matic има 190 КС. и 400 Nm.
Покрај тоа, Mercedes-Benz има и специјална верзија на кросоверот наречена GLB Edition 1. Автомобилот е достапен со доплата од 9.044 евра, со 20-инчни алуминиумски тркала, кафеав тапацир со корално-црвени шевови и елементи од орев.