Колку често среќните луѓе водат љубов?

Љубов, пар, секс
Фото: Pexels/Yan Krukov

Колку пати сте се запрашале колку често другите парови водат љубов и колку пати неделно имаат секс, а да не западнале во обична рутина? Еден американски доктор за сексуално здравје открива колку често паровите водат љубов…

Според најновото истражување паровите кои се во брак или долгогодишни врски имаат односи во просек два до три пати неделно.

Уште еден податок е многу интересен, а тоа е дека просечен маж доживува оргазам за две минути од почетокот на односот што е премногу брзо за неговата партнерка, односно на една жена и се потребни пет до седум минути за постигнување на оргазам.

Паровите во помлади години често сметаат дека е нормално да се води љубов и по неколку пати на ден, додека паровите над 20 години старост имаат односи еднаш во три дена.

Со текот на годините сексуалната активност опаѓа, па така паровите меѓу 30 и 50 години водат љубов еднаш неделно, додека после 50 година и помалку од еднаш неделно.

Најчест е сексот на почеток на врска кога паровите се сексуално активни дури и секој ден.

Сепак, не треба да ги генерализираме ваквите работи, бидејќи секој пар посебно си има свои различни афинитети и потреби.

Па така на некои им е потребно повеќе секс, додека други повеќе уживаат во други работи. Нормална бројка е онаа која вам најмногу ви одговара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот