Колку часа треба да вежбате за да видите резултати?

Истражувањето на експертите од Институтот за технологија Карлсруе, воопшто не звучи лошо! Напротив.

Според истражувањата објавени од Институтот за технологија Карлсруе, за да видиме резултати од вежбањето треба да вежбаме 120 минути неделно, односно најмалку два часа во текот на неделата.

Во истражувањето биле вклучени 500 луѓе на возраст од 35 и 55 години кои биле анализирани од испитувачите цели 25 години!

Во одредени периоди испитаниците биле тестирани, а тестовите се однесувале на силата, издржливоста, координацијата и флексибилноста.

По долгогодишното истражување експертите дошле до следниов заклучок – сите оние кои вежбале имале 10 години помладо тело отколку оние кои не вежбале, според анализите на крвта, мастите и ЕКГ. Ризикот од кардиоваскуларни заболувања бил исклучително понизок кај спортистите, а тие имале и побрз метаболизам. Најдобро од сè е тоа што не мора да потрошите многу време и труд за постигнување на вакви резултати. Само два часа вежби на телото доволни се за да се види позитивното влијание.

Не звучи лошо, нели?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот