Колкави се шансите принцот Џорџ да стане следниот монарх на Велика Британија?

принц џорџ
Фото Профимедиа

Британскиот принц Џорџ има само седум години, а е трет во редот да стане монарх, после принцот Чарлс, односно после принцот Вилијам.

Всушност, линијата за наследување е регулирана според потеклото и парламентарниот статут, се наведува во службената страна на кралското семејство.

Џорџ, односно принцот Џорџ од Кембриџ, е правнукот на кралицата Елизабета Втора и син на војводата од Кембриџ. Кога кралицата ќе почине, Чарлс ќе стане крал. Односно, само доколку не абдицира, а во тој случај престојот би припаднал на неговиот најстар син Вилијам. Затоа Џорџ, како најстар од трите деца на војводата од Кембриџ, ќе биде првиот кој ќе го превземе престолот, известува Insider.

Но, веројатноста да таквото сценарио точно така се одигра, зависи од бројни фактори.

Што доколку принцот Вилијам умре пред принцот Чарлс?

Кога Вилијам или Чарлс би починале пред да заврши владеењето на кралицата Елизабета, тоа не би ја намалило можноста на Џорџ да биде крал.

„Ништо не го спречува Вилијам да стане крал, освен сопствената прерана смрт“, рекол претходно за Insider Роберт Хазел, професор на University College во Лондон.

Но, не е многу веријатно сценариото 71-годишниот принц Чарлс да го надживее својот син, принцот Хари не би го заземал местото на Вилијам во редот на наследство. Местото автоматски би му припаднало на принцот Џорџ, а потоа на неговите деца доколку ги има. Но, кога тој не би имал деца, следна во редот на наследство е принцезата Шарлот, а по неа принцот Луис. До тоа би дошло поради промена во Законот за наследство на круната од 2013 година, што значи дека кралските деца родени после 2011 година не можат автоматски да ја одземат круната на своите сестри во линијата за наследство како некогаш.

„Кога Вилијам би умрел пред Чарлс, тогаш после смрта на Чарлс принцот Џорџ ќе стане крал“, рекол Хазел.

Меѓутоа, Џорџ би ја имал слободата да абдицира. Односно , се зависи од тоа дали Џорџ всушност сака да стане следниот монарх.

Последниот монарх кој абдицирал бил Едвард Осми, кој владеел со Британија скоро година дена, до 1936 година. Бидејќи Едвард немал деца, престолот го наследил неговиот помлад брад Џорџ Шести, односно таткото на сегашната кралица Елизабета Втора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот