Колкава е шансата да се заразите со делта сојот во овој момент

EPA-EFE
Ковид тест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Пораките што се шират со вакцината против ковид-19 и заштитата од болеста се збунувачки, веројатно и поради тоа што пандемијата се одвива во реално време, додека научните докази се нецелосни или се менуваат, но често не се ниту ставени во вистинскиот контекст.

Сепак, ако сте вакцинирани, не толку страшно.

Неодамнешната студија откри дека половина од жителите на Америка веруваат дека шансите да се заразат постојат или дека се големи, иако 75 отсто од испитаниците се вакцинирале. Минатата недела, во „Њујорк тајмс“ беше објаснето зошто постои таква перцепција и какви се шансите во овој момент да се заразите.

Шансите некое лице да добие ковид-19 се околу 1 од 5.000 (дневно), а и помалку ако внимавате или живеете во област каде што стапката на вакцинација е висока, пишува „Њујорк тајмс“. За да дојдат до таа бројка, „Њујорк тајмс“ се занимавал со случаи во три области – Јута, Вирџинија и Кинг Кантри. Новинарот Дејвид Леонард напишал дека очекувано е ризикот да биде поголем таму каде што вирусот во моментов е многу активен и многу помал на местата каде што повеќето луѓе се вакцинирани.

ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ, ВИРУСОТ Е ПОГОЛЕМА ЗАКАНА
„Тајмс“ наведува дека стапката на инфекција е околу 4 пати поголема во земјите со најмал број вакцинирани.

– Сојот делта е проблем, но одбивањето на вакцината е многу поголем проблем – истакнува Леонард.

ЦЕНАТА НА ПРОБИВНАТА ИНФЕКЦИЈА
Леонард додава една работа во врска со т. н. пробивни инфекции (зараза со ковид-19 и покрај две примени двете дози на вакцина против ковид-19):

„Не е јасно колку треба да се плашите од нив, обично се благи и често наликуваат како грип, во Англија тие се многу опуштени кога се зборува за моменталниот ризик. Вакцините често ги спречуваат опасните исходи кај возрасните, а ризикот за малите деца е минимален, па можно тие никогаш нема ниту да  предложат децата да се вакцинираат. Но, да се дозволи вирусот сам да ја води своја приказна без да се мешаме може ќе дојде на наплата со висока цена“.

ГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ
Во реалноста, ризикот од инфекција со кој било вирус останува низок ако сте вакцинирани, а ризикот од тешка форма на болеста е уште помал.

На пример, во Сиетл, во еден ден, приближно еден од милион вакцинирани лица се примени во болница поради симптоми на ковид-19. Ризикот е многу блиску до нула, така што човечкиот мозок може да го перцепира и на тој начин. Сакам да кажам дека ризикот за вакцинираните луѓе е еднакво мал како, на пример, кога ќе седнете на велосипед – додава Леонард.

КОЛКУ Е ОПАСЕН ЗА ДЕЦАТА?
За разлика од минатите варијанти кои ги заобиколија децата, оваа не ги избира своите жртви, така што и децата до 12 години се во опасност. Од почетокот на овој месец, во САД се пријавени околу 94.000 случаи на инфекција кај деца.

„Сојот делта е многу позаразен и затоа почесто се појавува кај децата“, објасни др. Пол Офит, директор на Центарот за заразни болести, Филаделфија.

Според пишувањето на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), станува збор за двојно позаразна варијанта која може да предизвика поопасни симптоми кај луѓето кои не се вакцинирани, а бидејќи повеќето деца не се вакцинирани, станува збор за ризична група. .

КАКО ДА БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ ДО КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА?
Следете што ве советуваат експертите и помогнете да се стави крај на пандемијата, без разлика каде живеете. Вакцинирајте се што побрзо. Ако живеете во место каде што малкумина се вакцинирани, носете маска кога излегувате од дома. Не патувајте, дистанцирајте се, избегнувајте метежи и мијте ги рацете.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот