Колкава е моќта на иранската армија? 350 илјади редовни војници, специјални единици, ракети, дронови…

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Тоа вклучува 350.000 луѓе во редовната војска и околу 150.000 членови на Исламската револуционерна гарда. Има и 20.000 луѓе во морнарицата, а од оваа група патролираат и во Ормутскиот Теснец, место на повеќе судири, вклучувајќи ги и оние во кои се запленети странските танкери.

Иран најави одмазда по убиството на генералот Касем Сулејмани во американскиот напад со дронови. Многумина се прашуваат што е следно, а медиумите направија анализа за тоа колкава е всушност заканата од Иран, судејќи по нивните воени капацитети.

Како што пишува Би-Би-Си, се проценува дека во иранската војска има 523.000 активен персонал со различни функции, според Меѓународниот институт за стратешки студии. Тоа вклучува 350.000 луѓе во редовната војска и околу 150.000 членови на Исламската револуционерна гарда. Има и 20.000 луѓе во морнарицата, а од оваа група патролираат и во Ормутскиот Теснец, место на повеќе судири, вклучувајќи ги и оние во кои се запленети странските танкери. Исламската револуционерна гарда исто така ја контролира и единицата Бадиџ, волонтерски сили кои помагаат за сузбивање на внатрешни судири. Оваа единица потенцијално може да мобилизира повеќе од стотина илјади луѓе

Исламската револуционерна гарда е востановена пред 40 години, за да го прани исламскиот систем во Иран и таа сега претставува голема воена, политичка и економска сила. И покрај тоа што има помалку војници од регуларната војска, се смета за една од единиците со најголем авторитет во Иран.

Дополнително, елитната единица „Кудс“, која ја водеше генералот Сулејмани, спроведува тајни операции на меѓународен план за Иранската револуционерна гарда и поднесува извештаи за врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи. Се верува дека оваа единица има 5.000 членови.

Оваа единица беше испратена во Сирија, каде даваше совети за силите лојални на претседателот Башар ал-Асад и шиитите, а во Ирак доминантно ги поддржуваат шиитските паравоени сили, кои помагаа во победата на групата Исламска држава.

Сепак, САД тврдат дека единицата „Кудс“ имала поголема улога во финансирањето, тренирањето и обезбедувањето на оружје и опрема на организациите кои Вашингтон ги означи како терористички на Средниот исток, како Хезболах во Либија и палестинскиот Џихад.

Економските проблеми и санкции во голема мера му наштетија на Иран, особено за увозот на оружје, кој е релативно низок во однос на другите земји во регионот. Вредноста на увозот во областа на одбраната меѓу 2009 и 2018 година е еднаков на 3,5 отсто од увозот на Саудиска Арабија во истиот период, според податоците на Меѓународниот институт за мировни студии во Стокхолм.

Поголемиот дел од увозот на Иран доаѓа од Русија, а остатокот е од Кина.

Според американското Министерство за одбрана, Иран е кога станува збор за ракетите е најголема сила во Средниот исток, во споредба со ривалите како Израел и Саудиска Арабија. Тие исто така наведуваат дека Иранците тестираат вселенска техоногија, која би овозможила развој на интерконтинентални ракети.

Освен ракети, Иран во минатото и покрај тоа што е под американски санкции, развивале и воени дронови, кои се користени во борбата против Исламска држава.

Покрај класичните воени капацитети, според Би-Би-Си, Иран во 2010 година започнале да развиваат сопствени капацитети во сајбер-просторот, откако биле цел на голем хакерски напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот