Колкава дивиденда ќе земат акционерите во Цементарница Усје?

Цементарница Усје АД Скопје оствари добивка за 2018 година во износ од 1.048.549.935 денари.

Според податоците кои ги објави компанијата, добивката остварена во минатата година ќе се распредели за:

– Дивиденда на акционерите во износ oд 808.550.009 денари и

– Реинвестирана добивка во износ од 239.999.926 денари.

Неискористената реинвестирана добивка од 2017 година во износ од 44.455.183 денари ќе се распредели за дивиденда за акционерите.

Вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите изнесува 853.005.192 денари, односно 1.513 денари за една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 10.06.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 11.06.2019 година. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда е 12.06.2019 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши најкасно до 30.09.2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот