Колкава дивиденда ќе им исплати Витаминка на акционерите?

На сите акционери на П.И. А.Д. Витаминка – Прилеп треба да им се исплати дивиденда во бруто износ од 16.420.500, денари, односно нето износ од 13.957.425,00 денари. Оваа одлука влегува на сила со денот на донесувањето.

Според преметките дивидендата за 2018 година изнесува 184,24 денари нето по акција или 216,76 денари бруто по акција, што во проценутален износ од номиналната вредност на акцијата е 6,68%.

Датум на пресек на акционерската книга според која се определува листата на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда за 2018 година е 25.06.2019 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 21.06.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 24.06.2019 година.

Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе се изврши до 30.09.2019 година, а истата ќе биде исплатена во паричен износ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот