Колинда за изјавата за мигрантите: Се работи за погрешни преводи и зборови извадени од контекст

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, вчера ги критикувала и ги негирала пишувањата на светските медиуми, кои според неа погрешно ја интерпретирале нејзината изјава поврзана со заштитата на границите на оваа земја од влез на нелегални мигранти, пишува Индекс.хр.

Вчера бројни светски престижни медиуми бурно реагираа на претходно интервју на претседателката на Хрватска, во кое таа наводно признава дека хрватската полиција користела сила за да ги растера мигрантите.

„Сакам да истакнам дека хрватската полиција во спроведувањето на активностите за надзор на државната граница, со тоа и границите на ЕУ, во спречувањето на нелегалната миграција, постапува законски, професионално и хумано, а средствата за присила кон прекршителите на законот ги применува во најмала можна мера која е неопходна за заштита на безбедноста на полициските службеници и за извршување на нивните задачи“, рекле од канцеларијата на хрватската претседателка за „Индекс.хр“.

„Ова се факти кои ниту една игра на зборови, погрешни преводи или извадени од контекст делови од изјави не можат и нема да ги променат“, се вели во одговорот од канцеларијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот