Колинда влегува во трка за втор претседателски мандат – Слободен печат
ВестиРегион

Колинда влегува во трка за втор претседателски мандат

Хрватски медиуми информираат дека  нејзината кандидатура уште не е официјално објавена бидејќи таа сака да се фокусира на државните обврски.

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ најави дека ќе влезе во трката за втор мандат на претстојните избори во Хрватска, јавуваат тамошните медиуми.

Хрватски медиуми информираат дека нејзината кандидатура уште не е официјално објавена бидејќи таа сака да се фокусира на државните обврски.

Колинда наводно планирала својата кандидатура ќе ја објави по обележувањето на годишнината од воено-полицијската акција Олуја на 5 август, бидејќи како што појаснила, било рано, а и не сака да ги меша државните обврски со изборната кампања.

Досега своја кандидатура за претседател објавија некогашниот премиер Зоран Милановиќ, пејачот Мирослав Шкоро, Иван Пернар и европскиот пратеник Мирослав Колакушиќ, а изборите ќе се одржат кон крајот на годината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close