КОЛИНДА СО НОВ РИТУАЛ: „Баеше“ над гласачката кутија за победа во вториот круг

Фото: Принтскрин

Фотографијата која го одбележа гласањето во првиот круг од претседателските избори во Хрватска, е онаа на која Колинда Грабар Китаровиќ зад параванот се држи за глава. Пред да го стави гласачкото ливче во кутијата, актуелната претседателка неколку минути ја држеше раката на глава со сконцентриран израз на лицето, а бидејќи тој ритуал не и донесе победа во првиот круг, се чини дека за вториот морала да смисли нов, пишува српски Блиц.

Фото: Принтскрин

Колинда денеска на избирачкото место се појавила нешто по 11 часот во придружба на сопругот Јаков. Таа не ја тргна насмевката од лицето, а откако го стави ливчето над кутијата направи необичен потег со рацете кој изгледаше како да „бае“.

Дали оваа „бајачка“ ќе и донесе среќа, ќе дознаеме вечер околу 20 часот кога ќе бидат објавени прелиминарните резултати од гласањето, пишува Блиц.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот