КОЛИНДА седна, ја отвори книгата и почна на глас да ја чита „Пипи Долгиот Чорап“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денес почна да се шири видео од април оваа година во кое претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ седи на претседателската маса и сосем сериозно ја чита „Пипи долгиот чорап“.

Во самиот увод Грабар Китаровиќ вели дека со радост ја прифатила молбата на децата да прочита еден дел од нивната омилена книга „Пипи долгиот чорап“, која со години е дел од детството на сите деца ширум светот кои уживаат во описите на авантурите на тоа весело девојче.

Потоа повлече паралела со Ивана Брлиќ Мажураниќ и нејзините книги кои со задоволство ги читаат децата во Хрватска. Потоа на гледачите им предложи и они на глас да ги прочитаат книгите на Ивана Брлиќ Мажураниќ и други хрватски писатели за да слушаат убави хрватски зборови и да го препознаат богатството на хрватскиот јазик.

Потоа претседателката прочитала дел од книгата „Пипи долгиот чорап“.

Погледнете како тоа изгледаше:

 

Видеото предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а многумина не можат да поверуваат дека претседателката тоа навистина го направила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот