Колинда повторно се кандидира: Не можам сега да и го свртам грбот на Хрватска

EPA-EFE/Malton Dibra

Колинда ќе се кандидира за втор мандат, вели „сега не може да ѝ сврти грб на Хрватска“
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаревиќ изјави дека ќе се кандидира за вториот мандат на чело на државата, изјавувајќи дека „сега не може да и сврти грб на Хрватска“, пренесе Фена.

– Секако, влегувам во кандидатура за нов претседателски мандат, а наскоро и ќе ја објавам. Но, пред тоа, сакам да работам што поголем дел од мандатниот период како претседателка – изјавила Грабар-Китаревиќ за „Хрватски тједник“

– Како сега би изгледало да и го свртам грбот на Хрватска и да прифатам некои работи што ми се нудат, кои низ Европа и светот се многу поплатени, а јас да го напуштам својот хрватски народ и сопствените деца, кои иднината ја гледаат овде- објасни таа.

Таа кажа и дека се потпира, пред се, на хрватскиот народ, но дека нема да и го сврти грбот на партијата од која израснала, без разлика што во некои аспекти не се согласувала со нејзината политика, било во времето на Иво Санадер или било кој друг лидер на ХДЗ.

– Тоа што сум верна на ХДЗ не значи дека не сум му верна на целиот спектар на луѓе кои ја сакаат Хрватска –-рече Грабар-Китаревиќ.

Таа истакна дека сака државата да ја врати на патот по кој тргна во деведесетите.

– Не да ја вратиме во деведесетите, туку на патот што го зацрта претседателот Фрањо Туџман, на патот на достоинството и гордоста, на патот на европејството кое нема да биде сервилно, но и на патот на политичката одлучност, ефикасност и одговорност – порача Колинда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот