Колинда по истекувањето на мандатот ќе го искористи правото на плата и канцеларија

EPA/Antoniot Bat

Често ме прашуваат за канцеларијата, јас мислев дека нема да ја земам, но сега некако размислувам дека таа е еден вид на база ако сакате да вршите сериозна работа – рече Грабар-Китаровиќ.

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, според сознанијата на Нова ТВ, по истекот на мандатот ќе го искористи правото на шест месеци полна и шест месеци половина претседателска плата.

Таа најави и дека ќе земе канцеларија.

– Често ме прашуваат за канцеларијата, јас мислев дека нема да ја земам, но сега некако размислувам дека таа е еден вид на база ако сакате да вршите сериозна работа – рече Грабар-Китаровиќ. Право на канцеларија има во следните пет години.

„Претседателката треба да ја искористи таа канцеларија за промоција на Хрватска, таа сепак е позната во светот – и тоа има некаква смисла. Она што нема смисла е некој доживотно да ја има право на ваква канцеларија – коментираше пратеникот на Мост, Никола Грмоја.

Со канцеларијата, поранешните претседатели во Хрватска имаат право и на: два државни службеници, возач, возило, но и на осигурување кое може да го користат трајно.

„Тоа што ќе продолжам да го правам е брендирање на Хрватска, промовирање на нашите интереси, решавање на некои општествени прашања, злоупотреби општо…“, рече Колинда.

Грабар-Китаровиќ официјално нема доставено барање за оваа канцеларија до надлежната институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот