Колинда: Ми дојде да земам пушка и да одам на бојното поле
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави во Книн дека за време на војната во 90-тите години ја гризела совеста и дека посакала да земе пушка во рацете и да замине на бојното поле.
– Повеќе би сакала да земам пушка и да отидам на бојното поле, но сфатив дека не станува збор само за куршумите и соочувањето со оние кои се пред вас – рече Грабар Китаровиќ и истакна дека била свесна дека има должност во Министерството за надворешни работи.
Како што изјавила, додека работела како помошник на генералниот сектретар на НАТО постојано се трудела воената акција „Олуја“, која резултираше со егзодус на огромен број српски цивили од Хрватска, да ја претстави како законска воена акција.
Грабар Китаровиќ, по приемот на воените лица на тврдината во Книн, ја искористи приликата да ја запее песната „Во бој, во бој“ од операта на Никола Шубиќ Зрински.