КОЛИНДА ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТA: Се бара недела да биде неработен ден во Хрватска

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ ја поддржа иницијативата „Хрватки сојуз за недела” според која недела треба да биде неработен ден за сите.

Во соопштението од Канибетот на Грабар-Китаровиќ се наведува дека таа најавила оти „лично ќе побара од ресорните министерства да го разгледаат овој предлог и донесување соодветни правни решенија”.

Претставниците на тој сојуз сметаат дека недела е ден за семејството, што е најголема причина за воведување слободен ден.

Според истражувањето спроведено минатата година, 50 отсто од вработените во Хрватска работат прекувремено, а најголем проблем е регистриран во секторот трговија, каде што поголем број од вработените се жени кои непрекинато работат и по неколку недели без ден за одмор и за минимална плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот