Колевски: Немаме добиено допис од Јанева до крајот на работниот ден

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во затворот „Скопје” за предметот „Рекет”, како што јавуваат дел од медиумите, попладнево доставила писмо до Советот на јавни обвинители со кое ја активира оставката што ја поднесе на 15 јули.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски за МИА информира дека до крајот на работниот ден на Советот, до 15 часот и 30 минути, немаат добиени никаков допис, но вели дека е можно да пристигне во текот на утрешниот ден и дека не може да ја соопшти содржината.

-Ние во Советот, доколку стигне, ќе ја разгледаме веднаш и ќе одлучиме како би постапиле, истакнува Колевски.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет”, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

Праќањето на писмото е откако денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно донесе одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот