Колевска: Кај Боки 13 доаѓаа политичари и ТВ личности

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Драгана Колевска порано вработена во домот на Бојан Јовановски на дешното рочиште за случајот „Рекет“ изјави дека работела хонорарно кај Боки 13.

Сведокот рече дека кај Јовановски дома на гости доаѓале Радмила Шекеринска и Катица Јанева.

– Доаѓаше и Венко Филипче, Орце Камчев со Зоран Милевски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј Варошлија и други. Куќата имаше безбедносен видео надзор. Чест гостин беше Зоран Милески, а понекогаш не ни тропнуваше на врата, туку влегуваше внатре. Доаѓаа и новинари од 1ТВ – рече сведокот.

Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Судењето за случајот „Рекет” ќе продолжи на 3 јануари 2020, со сослушување сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, откако на денешното рочиште сведочеше Христијан Баневски, кој работел како новинар во 1ТВ на Бојан Јовановски – Боки 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот