Колев: Имаме 120 нови „рамковно вработени“ – 120 пратеници земаат плата, а не одат на работа (ВИДЕО)

Петар Колев ГДУ/ Фото: Утрински брифинг

Согласно изборниот законик 22 дена по завршување на вонредната состојба треба да имаме избори. За мене барањето за смена на Комисијата за заразни болести е чист политички популизам. Јас сериозно ја критикувам работата на владата, но кога се работи за здравствените работници неприфатливо е да се напаѓаат луѓето кои буквално ја ставија својата глава во торба и ги загрозија своите и животите на своите семејства, изјави првиот човек на ГДУ, Петар Колев.

– Македонскиот здравствен систем успева да се справи со ситуацијата. Тоа не е успех на Владата, туку стручност и знаење на здравствените работници, вели Колев.

Тој додава дека бојкотот за избори кои ги најавува дел од опозицијата за него е неприфатлив, додека сосема друго прашање е дали ќе се води кампања или не.

– Македонското општество мора да сфати една работа, ништо добро не води карањето и обвинувањето. Овде морам да кажам дека имаме 120 нови „рамковно вработени“ – 120 пратеници земаат плата а не одат на работа, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, лидерот на ГДУ, Петар Колев.

Погледнете го целиот разговор:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот