Колегите од „Амадеус бенд“ неутешни по смртта на Бојан: Немаше ниту еден здравствен проблем

Instagram
Instagram
Бојан Златановиќ од „Амадеус бенд“ на 45 години ја изгуби битката со коронавирусот, а Аца Стаминировиќ негов колега од бендот е неутешен по неговата смрт. Аца открил дека кога последен пат се слушнале Бојан верувал дека ќе биде добар.
– Последен пат се слушнавме пред 9 дена, пред да биде ставен на респиратор… Кога зборувавме беше на кислородна поддршка… Веруваше дека ќе биде океј… Што се случи, никој не знае… Благодарност до докторите и директорот на болницата Драгиша Мишовиќ, тие се јунаци, дале се од себе за да го спасат – изјавил Аца за Телеграф.рс. – Тој ќе живее со нас додека и „Амадеус“ бенд живее. Беше со нас од почетокот, од 1997 година – додал музичарот.
– Немаше ниту еден здраствен проблем. Не беше пушач, ниту пиеше алкохол, ништо… Спортист бе! Со велосипед одеше од Белград до Крагуевац и назад. Позади себе остави син (6)… Тажно навистина, а ние како мажи кои сме биле покрај него мора да издржиме. Мораме да бидеме покрај семејството – изјавил Аца.
Instagram
Бендот на својот инстаграм-профил ја има и последната заедничка фотографија на која се сите членови заедно со Бојан. На фотографијата сите носат заштитни маски како порака до јавноста како правилно се носат, а само Аца на шега ја има ставено преку очите. Ниту еден од членовите не помислувал дека тоа ќе биде нивната последна заедничка фотографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот