Колеџ спортистите во Калифорнија ќе бидат плаќани како професионалци

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, потпиша денеска закон кој овозможува спортистите кои се натпреваруваат во универзитетските тимови да заработуваат од својата популарност и реклами, како и да бидат продавани и платени како професионални играчи.

Законот, наречен „Фер плата за игра” стапува во сила во 2023 година.

– Во момонтов, на унверзитетските спортисти им е забрането да бидат платени, иако колеџите каде тие настапуаат заработуваат милиони од нивните атлетски способности. Нивното учество во натпреварите е проследено со голем ризик по здравјето, академскиот успех и нивната професионална иднина – се вели во изјавата на гувернерот.

Њусам формално го потпиша законот на емисијата „Д Шоп” водена од Леброн Џејмс, познат американски НБА кошаркар.

Се работи пред се за атлети од колеџ лигите на американски фудбал, колеџ кошарката или европскиот фудбал, кои имаат огромна популарност во САД. Во основа, со поканата да играат за колеџ тим, фудбалерите или кошаркарите добиваат целосна стипендија за покривање на трошоците за школување, престој и исхрана во високата образовна установа и спортистот е во целосна зависност од универзитетот.

Новиот закон во Калифорнија го запира тоа, и овозожува колеџ спортистите да заработуваат како професионалци – од својота популарност и имиџ, на пример од реклами, или да потпишуваат разни договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот