Колеџ-сензацијата Вилијамсон во „дрим тимот“ на САД

Кошаркарот на универзитетот „Дјук“, Зајон Вилијамсон е најчесто споменуваното кошаркарско име во САД оваа година, а медиумите веќе го прогласија за најголем кошаркарски талент по Леброн Џејмс. Тој се очекува да биде избран како прв пик на претстојниот драфт.

Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека Вилијамсон ќе биде дел од американската репрезентација, попупарниот „дрим тим“, на кошаркарското СП кое од 31 август па сè до 15 септември ќе се одржува во Кина.
Вилијамсон ќе биде првиот играч по Ентони Дејвис од 2012 година, кој бил дел од американската репрезентација и дошол од универзитетска кошарка, а не од НБА лигата.

Репрезентацијата на САД нема да ја предводи долгогодишниот селектор Мајк Кшишевски кој му е тренер на Вилијамсон во „Дјук“, туку сегашниот тренер на Сан Антонио спарс, Грег Попович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот