Колапс на здравствениот систем во САД: Болниците преполни, лекарите не смеат да зборуваат за хоророт што го гледаат

Коронавирус во САД/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ситуацијата во САД би можела наскоро да стане слична како онаа во Италија, каде лекарите поради големиот број на пациенти се принудени да бираат кого ќе лекуваат, а кога ќе остават да умре.

Американските болници работат на работ на издржливост во време на пандемијата на коронавирусот, додека целиот здравствен систем доживува колапс, ја опишува германски „Велт“ состојбата на здравството во САД.

Лекарот Шамит Пател од Њујорк изрази стравување дека ситуацијата во САД би можела наскоро да стане слична како онаа во Италија, каде лекарите поради големиот број на пациенти се принудени да бираат кого ќе лекуваат, а кога ќе остават да умре.

 

Според неговите пресметки, бројот на пациентите од коронавирусот по лекар ќе се зголемат во блиска иднина за два или три пати. Докторка од итната помош во Њујорк, Камини Дубај раскажа дека “никогаш не се чувствувала толку очајно“.

 

Покрај тоа болниците не им дозволуваат на лекарите да зборуваат за потешкотиите со кои се среќаваат за да си го зачуваат угледот. Некои клиники исто така забрануваат носење на медицински маски во заедничките простории, за да се избегне впечатокот за голема опасност од вирусите.

Изданието исто така истакнува дека во Америка не е проблем само недостатокот на медицинска опрема, туку и место за труповите. Тие за првпат од терористичките напади на 11. септември 2001 година се во ситуација да мора да користат ладилници.

Претходно се откри дека во САД почнале да отпуштаат медицински работници поради приказните за недостаток на опрема во болниците за лекување на пациентите со коронавирус.

Раководството на болниците ги предупредува вработените да не зборуваат во јавност за условите за работа, вклучувајќи и за недостатокот на заштитни маски, мантили, кревети и апарати за вештачко дишење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот