КОЛАПС НА ДЕМОКРАТИТЕ ВО САД: Се подготвува ли саботажа на кандидатурата на Сандерс и Ворен?

Фото: ЕПА

Американската демократска партија изгледа дека повторно е во паника, бидејќи позицијата на Џозеф Џо Бајден не е најсјајна пред вантрепартиските избори за номинација на претседателски кандидати, на кои ќе се гласа почнувајќи од февруари следната годна. Попрецизно кажано, тврдото крило на партијата, она кое го сочинува „елитата на демократите“, по сѐ изгледа дека е исплашено од популарноста која ја достигнаа Берни Сандерс и Елизабет Ворен, па бараат брзо решение, пишува во анализата на „Адванс.хр“.

Сандерс и Ворен се етикетирани и во партијата, но и од медиумите кои ги поддржуваат демократите како „социјалисти“, па против нив мораат да се преземат мерки за политичка елиминација, дури и по цена на изборите повторно да победи актуелниот републикански претседател Доналд Трамп. Нешто слично се случи на претходните избори, кога Хилари Клинтон на сомнителен начин ја презема кандидатурата на Сандерс и потоа загуби во претседателската трка против Трамп.

Фото: EPA-EFE/GARY HE

За потсетување, во јули 2016 година, „WikiLeaks“ објави повеќе илјади мејлови на високи претставници на демократската партија, во кои се открива дека врвот на партијата активно ја поддржувал Клинтон, настојувајќи да го отстрани Сандерс, поради што дојде до големи недоразбирања меѓу демократите но и нивните гласачи. Тогашната претседателка на Националниот совет на партијата Деби Васерман Шулц поднесе оставка, а изборниот стожер на Хилари Клинтон изјави за јавноста дека споменатите меилови наводно ги објавиле руски хакери, кои на сметка на Кремљ го поддржуваат Трамп.

Така е лансирана аферата за руското мешање во американските избори, а Трамп прогласен за агент на Кремљ. Хилари Клинтон вчера за Би-Би-Си повторно зборуваше за наводното руско мешање во изборите, односно за нивното мешање во политичките процеси на Велика Британија. Клинтон, која допатува во Лондон за да ја промовира книгата која ја напиша со својата ќерка Челси, ја искористи можноста за да испрати важни политички пораки.

Хилари изјави дека е „под огромен притисок од многу, многу луѓе“ повторно да се кандидира на изборите во 2020 година. „Никогаш, никогаш, никогаш не вели никогаш“, рече Клинтон, одговарајќи на прашањето дали ќе влезе во претседателската трка, додавајќи дека во моментов сепак нема план за да се кандидира.

Фото: EPA-EFE/NEIL MUNNS

Клинтон исто така ја критикуваше и владата во Лондон поради тоа што не го објавила извештајот според кој постои руско мешање и во британската политика – на референдумот за Брегзит од 2016 година и општите избори во 2017 година. „Необјасниво и срамно“ е тоа што владата на Велика Британија сѐ уште го нема објавено извештајот за руското мешање во британската политика, оцени Хилари Клинтон, додавајќи дека „секој човек кој гласа во оваа земја заслужува да го види извештајот пред одржувањето на изборите закажани за 12 декември.

Неколку часа претходно, американските медиуми објавија дека Мајкл Блумберг (77) во Арканзас поднел документација за внатрепартиските избори во демократската партија за претседателски кандидат, кои ќе бидат одржани на 3 март следната година. Мултимилијардерот Блумберг, кој од 2002 до 2013 година беше градоначалник на Њујорк сѐ уште официјално не се кандидираше, но ги исполни сите останати формалности.

Водечките американски медиуми, како „Вашингтон пост“ кои за овој настан известија со напомената дека Блумберг е „вистински филантроп“, заклучија дека сепак тој можеби не е идеален кандидат за демократите.

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Блумберг лично не се огласи на оваа тема. Претходно неговиот советник Хауард Волфсон напомена дека Блумберг смета оти американскиот претседател Доналд Трамп „e закана без преседан“ за земјата и загрижен е поради тоа што моменталните кандидати не се во можност да се натпреваруваат со Трамп.

Актуелниот американски претседател во свој стил реагираше на можноста за претседателски дуел со Блумберг. „Тој нема магија за да успее. Малиот Мајкл ќе пропадне. Ќе потроши многу пари. Ќе се соочи со големи прашања, лични и многу други проблеми“, посочи Трамп.

– Го познавам доволно добро, нема добро да помине. Би бил среќен (ако тој е неговиот противкандидат), бидејќи нема никој со кого повеќе би сакал да водам трка отколку со „малиот Мајкл“ – рече Трамп, додавајќи дека кандидатурата на Блумберг најмногу му штети на Бајден.

Според анализата на „Адванс“, Трамп ја доловил суштината на проблемот. Елегантниот Блумберг (висок 173 сантиметри и богатство од 55 милијарди долари) можеби би бил вистинска алтернатива за „дивиот“ американски претседател, доколку не постојат работите на кои веројатно мислел Трамп (висок 190 сантиметри и вреден 3,7 милијарди долари) кога ги споменал големите прашања, личните и другите проблеми.

Претходно, Блумберг беше републиканец, а пред тоа бил демократ. Меѓу тој период беше независен политичар, а од минатата година повторно е во демократската партија. Не е тешко да се претпостави дека Трамп ќе го „запали“ Твитер со неговите забелешки на оваа навистина контроверзна историја на Мајкл Блумберг, доколку тој сепак стане негов противкандидат.

Второ, против неговата фирма „Блумберг ЛП“ четири жени поднесуваа тужби за сексуално вознемирување и полова дискриминација за време на деведесетите години. Поради Блумберг лично и неговите водечки менаџери. Тој на жените со кои работел, како што стои во тужбите, често им упатувал несоодветни коментари, наводно ги отпуштал од фирмата оние кои не сакаат да „спијат“ со него, а на една жена која ја забременил, ја наговарал за абортус со зборовите – убиј го тоа!

Некои американски медиуми веќе потстуваат дека таа жена се вика Секико Гарисон, и дека со неа Блумберг направи вонсудски договор за непозната сума на пари. Според „Адванс“, треба да се верува дека такви и случни приказни уште повеќе ќе се појавуваат во јавноста доколку Блумберг стане официјален кандидат. Трамп би можел мирно да седи и да ги „трие рацете“, среќен што не е единствениот на тапет, а не е ниту најлошиот.

И трето, Блумберг кој е жив симбол на „Вол стрит“, сепак очекува силен отпор во демократската партија.

Аналитичарите веруваат дека неговата кандидатура ќе предизвика огромни пореметувања во демократската трка. Блумберг не беше идеалниот демократски кандидат, бидејќи нивните млади гласачи не сакаат претседател-тајкун. Напротив, тие се надеваат дека нив ќе ги претставуваат сенаторите Елизабет Ворен (70) од сојузната држава Масачусец или Берни Сандерс (78) од Вермонт.

Фото: EPA-EFE/GARY HE

Блумберг го критикуваше економскиот модел кои го поддржуваат Сандерс и Ворен велејќи: „Ако сакате да видите систем кој е некапиталистички, погледајте само што беше можеби најбогатата земја на светот, а денес таму луѓето умираат од глад. Се вика Венецуела“.

Како почитуван и успешен градоначалник на Њујорк, Блумернг донесе и неколку контроверзни мерки. Најспорно беше давањето на овластување на полицијата рутински и без повод да застанува, испитува и претресува луѓе на улица. Огромно мнозинство на граѓани кои беа подлежни на оваа контрола беа од афроамериканско потекло и латиноамериканци, а во многу ретки случаи некои од нив навистина направиле нешто погрешно. Сојузниот суд ооваа мерка позната како „стопирај и претреси“ ја оцени како расистичка во 2013 година, но Блумберг и понатаму беше нејзин голем поддржувач.

Па така, освен што Трамп (73) во однос на Блумберг (77) би можел да излезе релативно млад и скромно богат, и повеќе нема биде единствениот кој има дамки во минатото во односот со жените, актуелниот претседател на САД би можел да наличи на некој модерен и толерантен Американец, кој не ги дели луѓето на расна основа. Тоа доведува до заклучокот дека Трамп навистина би се израдувал на успехот на Блумберг во трката за номинација за претседателските избори. Ни самиот Путин најверојатно не би можел да му избере подобар противкандидат и човек кој ги неутрализира неговите најголеми маани.

Освен можеби Хилари Клинтон (72), на кого Трамп неодамна посвети твит во кој ѝ предложи и таа да се вклучи во трката за номинација. „Не ме предизвикувај. Работи си ја својата работа“, му одговори таа.

Кога станува збор за Русија која Клинтон повторно ја актуелизира во целата приказна, тамошните медиуми оценија дека финансиските кругови кои традиционално ги поддржуваат демократите (републиканците ги финансираат индустријалците) го ставиле Блумберг во „оган“ кога сфатиле дека Бајден (76) премногу заостанува зад „социјалистите“ Сандерс и Ворен, а за нив нема смисла нив да ги финансираат. Тоа не е прашање само за изборната трка, туку и за иднината на демократската партија.

Победа на Блумберг или на Клинтон во овој момент изгледа на фантазија, освен ако Трамп не направи некои грешки кои не се поправаат во текот на следната година. За модерните американски социјалисти (главно младите, афроамериканците и латиноамериканците) кои ги претставуваат Сандерс и Ворен поважно од конечна победа е вантрешното позиционирање и борбата со Блумберг и Бајден.

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Многу од младите веројатно нема ни да гласаат на претседателските избори во САД доколку демократскиот кандидат не им биде „по мерка“. Ова дополнително поларизирање на гласачите дополнително му помага на Трамп и можно е истото да му обезбеди полесна победа дури и од изборите во 2016 година. Блумберг аналитичарите не го доживуваат како закана за Трамп, туку како негов можен „трофеј“.

Слично или уште полошо би се снашла Хилари Клинтон. Нејзините шанси против Трамп би биле помали отколку пред четири години. Од друга страна, Сандерс делува најправедно, политичар чија шанса на изборите во 2016 година беше „украдена“. Ворен исто така е популарна, младите ѝ веруваат, а тука може да се вброи и фактот што таа е жена. Можеби ќе стане првата жена-претседател на САД. Но, очигледно е дека тоа не е во плановите на демократите. На прв поглед изгледа апсурдно, но навистина таа е логиката на американскиот капитализам. Социјализот и понатаму е многу „грд“ збор за американците, завршуваат од „Адвансд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот