Колачиња со тиква

profimedia

Состојки:
250 грама маргарин
1 лажица мед
200 грама шеќер
150 грама сечкани ореви
100 грама суво грозје
1 прашок за печиво
600 грама брашно
1 чаша пасирана печена тиква

Подготовка:
Најпрво изматете го маргаринот со шеќерот и медот. Додајте ги другите состојки и измесете убаво да се соедини. Од тестото извадете топчиња, малку сплескајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.

Кога се печени и изладени, по желба може да се посипат со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот