Колач со јаболка и ореви (РЕЦЕПТ)

Подгответе го овој неодолив десерт.

Состојки:

За колачот

10 лажици врела вода

20 лажици шеќер

200 грама брашно

5 рендани јаболка

300 грама мелени  ореви

100 грама суво грозје

2 лажици гриз

1 прашок за печиво

1 лажица сода-бикарбона

За преливот:

200 грама шеќер

200 милилитри вода

1 пакетче ванилин шеќер

чоколадо за готвење

1 маргарин

100 грама сечкан орев за посипување

 

Подготовка:

Во врелата вода ставете го шеќерот и измешајте убаво за да се растопи.

Потоа додајте ги и другите состојки и измешајте, сè убаво да се спои. Вака подготвената смеса треба да ја оставите да отстои најмалку еден час пред да ја ставите да се испече.

Тортата ставете ја на претходно подмачкана тепсија да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 40 минути.

Откако ќе биде испечена тортата. Оставете ја целосно да се излади.

Додека чекате тортата да ја постигне посакуваната температура, почнете со подготовка на преливот. Во посебен сад, ставете ги шеќерот и водата да се сварат исто како кога подготвувате шербет. Додека врие шербетот, исечете ја тортата на парчиња а потоа врз неа истурете го шербетот.

Во тавче, стопете ги останатите состојки потребни за преливот, а потоа истурете ги врз колачот.

На крај, наросете со мелени или со сечкани ореви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот