Кокшаров потврди: Калараш се враќа во Вардар! – Слободен печат
РакометСпорт

Кокшаров потврди: Калараш се враќа во Вардар!

По освојувањето на европската титула со македоскиот првак се најавуваше дека Глеб Калараш во новата сезона ќе игра за Мотор Запорожје, но тоа нема да се случи.

Во четвртокот беше објавено дека играчот „специјалист“ за одбрана е пред кам бек во редовите на европскиот шампион.

Ова го потврди и спортскиот директор на „црвено-црните“ и главен тренер на руската репрезентација за „Rushandball.ru“, Едуард Кокшаров.

– Калараш ќе ја продолжи кариерата во нашиот клуб. Договорот на Глеб е на две години. Од петок ќе започне да тренира во Вардар – рече Кокшаров.

Ракометарите на тренерот Писонеро после освојувањето на турнирот во Требиње и победите над Еурофарм Работник и грчкиот АЕК, се фокусираат на настапот на неофицијалното Светско клупско првенство во Саудиска Арабија.

Како што е најавено „Супер Глоуб“, Вардарци тргнуваат од четвртфиналето, а таму на 28 август ќе се сретнат со победникот од Ал Мудар (Саудиска Арабија) и Њујорк Сити ТХЦ (САД).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close