Кокшаров: Помладите ќе добијат шанса против Мотор Запорожје!

Фото: seha-liga

Стратегот на македонскиот шампион, Едуард Кокшаров во пресрет на натпреварот од регионалната ракометна СЕХА лига против Мотор Запорожје, најави дека повеќе минутажа ќе добијат помладите.

– Колку што знаеме екипата на Мотор кај нас не доаѓа во најсилен состав. Ние имаме свои планови за овој меч. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои играчи, а некои да ги одморам. Тоа не значи дека се откажуваме од бодовите. Ние одиме на победа и три бода кои ни се многу важни во СЕХА лигата – рече Кокшаров на денешната прес-конференција.

На замор по напорните мечеви во Лигата на шампионите се пожали и капитенот Стојанче Стоилов.

– Имаме дуел со Мотор по тешкиот меч во саботата со Кјелце. Играчите се изморени. Посебно оние што играат цела сезона и го носат главниот товар. Мислам дека може малку да се калкулира и да се одморат некои од нив. Во секој случај, играме дома и одиме на победа – вели Стоилов.

Токму Вардар и Мотор Запорожје се на водечките две позиции во А-групата од СЕХА лигата со по 15 бода од шест натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот