Кокшаров: Дали ќе бидам долготрајно решение, одлучува Самсоненко!

vardarfans.mk

Европскиот шампион в недела во Скопје го пречекува тимот на Мешков Брест во рамките од новото коло на Лигата на шампионите.

На денешната прес – конференција тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров меѓу другото говореше и за неговата нова улога и рече дека последниот збор ќе го има сопственикот, а негово е да работи каде што е сега.

– Дали ќе бидам привремено решение или долготрајно, тоа е одлука на претседателот на Вардар. Ние разговаравме на темата, се консултиравме, разгледувавме опции, но дефинитивната одлука ќе ја донесе тој – рече Кокшаров.

„Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ в недела ќе го играат шестиот натпревар сезонава во ЛШ.

Моментно на табелата во групата „Б“ се наоѓаат на четвртата позиција со шест бодови, три помалку зад водечкиот Кил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот