Кокошков и официјално нов селектор на Србија

Неиспехот во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио му пресуди/ twitter/Košarkaški savez SRB

Тоа што медиумите во Србија го најавија за време на изминатиот викенд, денеска доби е официјално, Игор Кокошков е нов селектор на кошаркарската репрезентација на нашиот северен сосед. Деталите од договорот не се објавени.

– Исклучително сме задоволни што толку квалитетен стручњак и еден од најдобрите српски тренери ќе седи на клупата на репрезентацијата на Србија. Игор е најдоброто решение за предизвиците кои не очекуваар, квалификациите за Европско првенство и квалификацискиот турнир за Олимписките игри, а нашата цел е да обезбеидме пласман и на двете натпреарувања. Мора да му се заблагодариме на Сакраменто кингс, посебно на Владе Дивац на помошта и разбирањето во реализацијата на ангажманот – изјави претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ.

Новиот селектор кој минатата година со репрезентацијата на Словенија триумфира на Евробаскетот, отрки дека му се исполни желбата да ја предводи Србија.

– Со назначувањето за селектор, на мене и на моето семејство ни е укажана голема чест. Среќен сум што добив можност да ја предводам репрезентацијата на Србија. Многу добро знам колку во Србија се сака кошарката и репрезентацијата. Исто така добро ми е познато какви се стандардите и очекувањата кои со години се фрадат. Секој тренер од овие простори сака да биде селектор на својата репрезентација – истакна Кокошков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот