Кокаинот го маскирале во бетонски плочи, во акција на српската полиција и Европол уапсена балканска дилерска група

Фото: Архива

Во меѓународната координирана акција на БИА, српското МВР, Европол и Евроџаст, запленети се над 100 килограми кокаин во вредност од над 10 милиони евра и уапсени се повеќе лица во ЕУ и Србија, објавија српските медиуми.

Белградските медиуми пишуваат дека дрогата е запленета во Белгија и дека е уапсена група која соработувала со кавачкиот клан.

Во оваа акција во Холандија, членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомнение дека се резултат на кривични дела, додека во Белгија и Луксембург се уапсени и српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно непознато лице, како и државјанин на БиХ С.Ѓ. (42).

На територијата на Белград е уапсен српскиот државјанин В.В. (29), кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, кој со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Дрогата е запленета во Арлон, на југоистокот на Белгија, при претрес на магацин. Осомничените се обиделе да го сокријат кокаинот со бетонски плочи за полесен извоз.

Претреси беа извршени истовремено во Холандија, Луксембург и Србија.

„Севкупно, речиси 100 припадници на различни полициски служби биле ангажирани во операцијата за разбивање на српска криминална организација која се занимава со меѓународна трговија со кокаин“, соопшти обвинителството.

Полицијата продолжува со координираната работа за расветлување на сите околности поврзани со дистрибуцијата на споменатите наркотици и за идентификување на други членови на споменатата меѓународна организирана криминална група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот