ИНФОГРАФИК: Која земја во Европа е најмногу погодена од инфлацијата?

Евра/ Фото: МИА

Инфлацијата во Европа продолжува да биде најголемата причина за загриженост ова лето, а поскапувањата носат многу потешкотии за граѓаните ширум Стариот континент.

Според последните податоци на Евростат, во јули инфлацијата во еврозоната повторно пораснала, достигнувајќи 8,9 отсто. Ова е највисока стапка на инфлација откако се започнати овие истражувања во 1997 година.

Највисоката стапка на инфлација на годишно ниво во извештајот на Евростат повторно беше кај цените на енергијата – 39,7 отсто – пад во однос на оние 42% во јуни.

Потоа следат храна, алкохол и тутунот (9,8 отсто, во споредба со 8,9 отсто во јуни), неенергетски индустриски производи (4,5 отсто, во споредба со 4,3 отсто во јуни) и услуги (3,7 отсто, во споредба со 3,4 проценти во јуни).

Секоја земја во Европа е различно погодена од инфлацијата. Британија бележи највисока стапка на инфлација во последниве 40 години, додека пак Русија бележи 15.9 отсто, мал пад од оние 17.1 отсто во мај. Стапката на инфлација во Германија е 8.5 отсто, што е за мал пад за разлика од претходниот месец, пишува „Еуроњуз.

Следејќи ги стапките на останатите во светот, Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по 11 години за сума поголема од очекуваната, подготвувајќи се на вртоглаво високата инфлација.

Причини за инфлацијата

Европа и поголемиот дел од светот и пред руската инвазија на Украина веќе беа погодени од зголемените цени на енергијата – кои се главниот фактор за инфлацијата.

Конфликтот ја влоши енергетската криза, а многу земји стравуваа дека тоа може да доведе до прекин на испораките на нафта или природен гас од Русија.

Москва во последниве години е главен снабдувач на земјите од ЕУ со нафта, природен гас и јаглен, со удел од околу една четвртина од нејзината вкупна енергетска потрошувачка.

ЕУ „се ослободи“ од рускиот јаглен, а следен нејзин чекор е намалувањето на побарувачката за руски природен гас за две третини оваа година.

Цените на многу стоки – суштински вклучително и храната – исто така растат откако пред две години беа воведени заклучувањата поради ковид пандемијата, затегнувајќи ги глобалните синџири на снабдување, оставајќи ги посевите да гнијат и предизвикаа панично купување во супермаркетите.

Војната во Украина повторно драматично ја влоши перспективата, бидејќи Русија и Украина сочинуваат речиси една третина од глобалниот извоз на пченица и јачмен и две третини од светскиот извоз на сончогледово масло што се користи за готвење. Украина е исто така четвртиот најголем извозник на пченка во светот.

Естонија: Жариштето на европската инфлација

Видео на денот