КОЈА СИ ТИ: Два типа на жени според начинот на доживување оргазам

Оргазмите може да бидат повеќекратни или еднократни. Теоретски, секоја жена може да доживее повеќекратни оргазми, но во пракса нештата не се баш такви.

Постојат и оние жени кои после едниот оргазам треба да одморат, за да продолжат, а има и такви кои по првиот, веќе не можат да имаат втор оргазам таа вечер.

Некои жени можат веднаш да продолжат со акција и да го одржат нивото на возбуда и страст. За други тоа е многу тешко. Па, според тоа, постојат два типа жени:

„Peak“ тип – оргазмот е краткотраен, но интензивен, а потоа опаѓа возбудата. Најчесто овој тип жени не доживуваат повеќекратни оргазми.

„Plateau“ тип – оргазмот е долг, со средна интензивност, доаѓа во повеќе наврати, а возбудата е долготрајна.

Сепак, многупати ова зависи не само од жената, туку и од тоа каков е перформансот на партнерот, но и дали таа е заинтересирана само за сексот или пак има емоции кон него.

Поради ова не може да се каже дека жените се строго поделени на овие два типа, односно секоја може со еден партнер да биде „peak“, а со друг „plateau“. Некогаш дури и промената на позата може да придонесе да се случи овој премин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот