Која професија ќе биде најбарана по пандемијата на коронавирусот?

Фото: СП. архива

Програмерите ќе бидат најбараните работници на пазарот за работа, рече директорот за дистрибуција на технологија во рускиот Јандекс Григориј Бакунов.

„Тоа може да се нарече професијата на иднината. Токму овие експерти ќе го движат човештвото напред“, рекол тој.

Бакунов смета дека ИТ сферата може да се промени заради масовниот број на луѓе кои работат од далечина заради епидемијата на коронавирусот, пренесува Спутник.

„Пандемијата покажала дека програмерите многу добро работат и на далечина. Со тоа, луѓето кои живеат во зафрлени региони и мали градови имаат поголема шанса да работат добро во сериозни компании“, рекол експертот.

Минатата недела, експертите од Институтот за прогресивно образование соопштиле дека по пандемијата веројатно ќе бидат барани советници за кризи, експерти за дигитализација, како и експерти за управување со времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот