Која пиперка е најздрава, зелената, црвената или жолтата?

пиперки
Црвени пиперки - ајварки/Фото: Unsplash

Кај нас и во светот постојат различни сорти пиперки, но откако ќе постигнат одреден степен на зрелост, тие се или зелени, или жолти, или црвени.

Иако бојата ќе им биде различна, сепак пиперките важат за едни од најздравите плодови што ни ги дала природата и токму затоа се препорачува да се јадат секојдневно.

Profimedia

Во составот на пиперките има голем број витамини и минерали и што е многу важно – растителни влакна.

Но, она што треба да се напомене е дека и покрај тоа што сите пиперки се здрави, сепак во различниот стадиум на зреење тие имаат различни прехранбени вредности.

Фото: Unsplash

Имено, зелената пиперка всушност е недозреана, па концентрацијата на витамини кај неа е најмала во споредба со пиперките што се жолти или црвени.

Жолтите пиперки веќе достигнале одреден степен на зреење и со тоа имаат и поголеми количества витамини. Има сорти на пиперки, кои последниот стадиум од зреењето им е во жолта боја.

Фото: Unsplash

На крај, кога пиперката конечно ќе добие интензивна црвена боја, во тој случај таа изобилува со големи количини витамин Ц како и секундарни растителни масла. Сето ова ја прави црвената пиперка најздрава за јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот