Која од бугарските партии ќе седне на преговарачката маса за новата влада, ГЕРБ посака нови избори

Фото: БТА/РФЕ-РЛ

Откако денеска премиерот во оставка Кирил Петков објави дека неговиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев ќе биде новиот мандатар, сттигнуваат и првите реакции од досегашните коалициски партнери дали ќе помогнат да се состави новата бугарска влада под раководство на Продолжуваме со промените.

-Нашиот услов за преговарање со „Продолжуваме со промените“ беше Кирил Петков да не биде кандидат за премиер и овој услов е исполнет. Ќе разговараме со нив за формирање влада, изјави министерката за економија во заминување и лидер на БСП, Корнелија Нинова.

Таа нагласи дека приоритетите кои Кирил Петков ги истакнал во своето обраќање се поклопуваат со некои од нивните приоритети.

-Во процесот на преговори ќе го додадеме и она за што го имаме мандатот од нашиот Национален совет – социјална политика, достапно здравство, развој во образованието, стабилизација на економијата. Целосно ги поддржуваме нивните приоритети за борба против корупцијата, измените во Законот за јавни набавки, промените во антикорупциската комисија. И ова е дел од нашата програма“, рече Нинова.

-Почнуваме да преговараме за политики, кои овојпат ќе бидат јасно наведени во владина програма. Мандат со јасни одговорности, со јасни рокови за завршување на овие задачи. Постојано ќе ве информираме за резултатите од преговорите, рече таа.

ДБ останува со ПП

Лидерот на Демократска Бугарија  Христо Иванов најави дека ДБ ќе расправа за предлогот на ПП Асен Василев да биде кандидат за премиер.

Тој призна дека десничарите не биле однапред известени, но номинацијата на Василев е суверено решени на ПП.

Христо Иванов посочи дека приоритетите што ги објави ПП се релевантни за оние на ДБ.

Според него, сега прашањето е како ќе изгледа мнозинството, каква ќе биде коалициската структура и во каков формат ќе бараат поддршка.

Иванов смета дека досега имало многу сериозен проблем во комуникацијата.

„Тоа создаде кратки споеви и за мене тоа беше главната причина за колапсот на коалицијата. Понатаму ќе се разговара за составот на владата“, рече Иванов.

Според него, непремостливата линија за ДБ е да ја турне земјата кон нови избори кои предизвикуваат поделба.

-Ќе преговараме и ќе бараме здрав разум со цел да имаме менаџмент на кампот, но тоа не значи дека сме согласни со се`, посочи Иванов.

Има таков народ нема да го поддржи Василев

ИТН не беше задоволна од номинацијата на Асен Василев за премиер.

„Излеговме од коалицијата поради овие двајца, а сега што да кажам, дека сме се разбудиле денеска со мисла дека се прекрасни, коментира претседателот на ПГ на ИТН Тошко Јорданов.

И опозициската ГЕРБ не го сака Василев, сака избори

ГЕРБ се очекува да останат во опозиција дури и ако е во прашање формирање на нов кабинет во оваа влада.

„За нас Кирил Петков, Асен Василев или кој било кој е емитуван од поранешната четворна коалиција, сегашната тројна коалиција или ПП се персона нон грата“, изјави претседателката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова.

Таа го повтори мислењето на ГЕРБ дека најдобра опција е да има избори.

Според Томислав Дончев, со оваа ротација може да има 8 премиери до крајот на мандатот, но ова Народно собрание не е во состојба да формира стабилна работна влада.

-Целата одговорност за се што се случи е на Кирил Петков, нагласи Атанасова.

-Овој парламент е исцрпен. Очигледно е неспособен да формира каква било работна влада, рече Дончев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот