Која храна што ја јадат луѓето може да ја јаде и вашето куче?

хороскоп домашен миленик
Домашен миленик, Фото: Архива

Поради поинаков метаболизам, кучињата не смеат да пробуваат одредена човечка храна, но постојат и некои работи кои за нив се еднакво корисни и хранливи. Пред да одлучите во храната на вашето куче да ставите поинакви намирници, треба да се советувате со ветеринарот за сите ризици и последици кои произлегуваат од тоа. Важно е да се оттргне сомнежот дека вашето куче е склоно кон заболување од дијабетес или дебелеење.

Продуктите кои се здрави за луѓето од друга страна пак, може да бидат штетни за кучињата и треба да ги избегнувате пред се поради тоа што можат сериозно да ги оштетат бубрезите и црниот дроб на кучињата. Постојат низа други здравствени проблеми кои никако не смеете да ги знаемарите доколку се одлучите да воведете новости во прехраната на вашето куче.

Погледнете ги 6-те намирници од човечката исхрана кои смее да ги јаде и вашето куче:

Боровинки

Боровинките се сигурни за кучињата, бидејќи се богати со влакна и антиоксиданси. Истражувањата од 2012 година покажале дека антиоксидансите ги подобруваат здравствените проблеми кај постарите кучиња.

Млечни производи

Млечните производи како што се млекото, сирењето и јогуртот се сигурни за кучињата, но во мали количини бидејќи прекумереното консумирање на овие намирници може да предизвика проблеми со варењето. Причината за тоа е што кучињата имаат ниско ниво на толеранција на лактоза. Но, кучињата кај кои е воспоставена дијагнозата за нетолеранција на лактоза, не смеат воопшто да јадат млечни производи. Симптомите со кои може да ја препознаете нетолеранцијата на лактоза се дијареа и повраќање.

Риба

Лосос, шкампи и туна се рибите кои кучињата со сигурност можат да ги консумираат бидејќи се добар извор на протеини. Лососот и туната се исто така богати со Омега 3 масти што го поттикнува развивањето на имунитетот, го подобрува крзното и здравјето на кожата. И витаминот Б кој се наоѓа во шкампите исто така може да помогне при регулација на варењето и да ја подобри циркулацијата во крвта.

Пилешко

Чисто зготвено пилешко без зачини е добра опсија доколку вашето куче има проблеми со варењето.

Јаболки


Јаболките обезбедуваат многу важни витамини кои се добри за кучињата, вклучувајќи ги витамините А и Ц. Јаболките исто така се добар извор на влакна кои помагаат во регулирањето на варењето кај кучињата. Но, треба да обрнете внимание на тоа да не му давате скапани јаболки на вашиот миленик, бидејќи може да дојде до труење со алкохол.

Бел ориз

Едноставно зготвен бев ориз може да биде добра опција за вашето куче доколку има проблеми со стомакот. Тоа ќе му помогне при регулација на варењето и столицата. Белиот ориз може да предизвика покачување на шеќерот во крвта, така што кучињата со дијабетес оваа намирница смејат да ја консумираат само во мали количини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот