Која фризура подмладува, а која прави да изгледаме постари?

Фото: Unsplash

Не е тајна – фризурата може да го подобри, но и да ви го расипе изгледот и да направи да изгледате постаро отколку што сте.

Доколку не го сакате овој втор епилог, важно е да ги земете предвид цртите на лицето, но и возраста, за да ја изберете идеалната фризура.

Фото: Пиксабеј

Стилистот и фризер, Ник Вилис, открива дека постои еден начин на потстрижување на косата што може да направи да изгледаме помлади.

Како што косата се проретчува со текот на времето, постои перцепција дека треба да ги скратиме прамените, но според Ник, тоа е погрешно и пократката коса може да направи да изгледате постаро отколку што навистина сте. Тој смета дека подолгата коса е многу подобра во овој случај.

Фото: Инстаграм

„Би препорачал на мојата клиентка да ја задржи косата со средна должина. Исто така треба да додадат слоеви, на овој начин ќе имате движење и волумен, кои се важни фактори доколку сакаме да изгледаме помлади“, истакнува тој.

Фото: Инстаграм

Краткиот боб често знае да биде практичен и шик, но кога станува збор за изглед кој би требало да ја намали возраста, тоа не е најдобриот избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот