Која екипа има најголеми шанси да ја освои Лига Европа? (ФОТО)

Во вторникот ги дознавме полуфиналните двојки во фудбалската Лига Европа за сезоната 2019/20, Интер-Шахтјор Доњецк и Манчестер јунајтед-Севиља.

Во последните четвртфинални средби на завршниот турнир во Германија, Севиља во финишот го елиминираше Вулверхемптон, а Шахтјор имаше одлична партија против Базел.

Светските обложувалници повторно предвидуваат кои екипи имаат најголеми шанси за титулата оваа сезона во ЛЕ.

фото: oddsportal.com
фото: m.skybet.com

Најголеми шанси му се даваат на италијанскиот Интер, не така далеку е претставникот на Англија, Манчестер јунајтед, следува Севиља како третопласирана, а „аутсајдер“ во оваа група е Шахтјор.

„Неро-аѕурите“ последен пат го освоија ова натпреварување во 1998 година (тогаш Куп на УЕФА), „црвените ѓаволи“ имаат шанса по вторпат да се искачат на тронот во ЛЕ, претходно тоа го направија во 2017 година.

Шпанската Севиља е рекордер на вечната листа со најмногу титули (пет) триумфираше во секое финале (2006, 2007, 2014, 2015, 2016 година), додека украинскиот Шахтјор исто како Јунајтед има една титула, освоена во 2009 година.

Прочитајте и...  Бурно е во „кралскиот“ клуб, Перез во соблекувалната му дал ултиматум на тренерот Зидан

Поврзани вести

Јовановски: Доколку бидеме во прав состав, нашите шанси во Тбилиси ќе бидат и поголеми!

Фидан Коминовски

„Мистер“, ти благодариме: Марчело Липи ја заврши тренерската кариера!

Слободен печат

Македонија на 7 декември ќе ги дознае ривалите во квалификациите за СП

Слободен печат

ВИДЕО: Кога Теодосиќ сака да асистира, а постигне кош!

Слободен печат

Фати доживеа брутално понижување, Барселона покрена тужба!

Слободен печат

Инфантино не е во „војна“ со УЕФА, но сака мечеви како Баерн-Бока јуниорс!

Слободен печат

Остави Коментар