Која е Урсула фон дер Лејен, новата претседателка на Европската комисија?

Вчера попладне и официјално завршија преговорите за новите челни позиции на Европската Унија, а за нов претседател на Еврпската комисија беше избрана германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен.

Урсула е порасната во Брисел, течно зборува германски и француски јазик, додека по професија е доктор, а зад себе има успешна политичка кариера.

Таа е единствениот министер кој непрекинато служел во кабинетот на Ангела Меркел уште од 2005 година, најпрво како министер за семејни прашања и млади од 2005 до 2009 година, потоа како министер за труд и социјални работи од 2009 до 2013 година, пред да стане министер Одбрана во 2013 година до денес.

Урсула фон дер Лејен е родена во Ичелс, Брисел, каде нејзиниот татко Ернст Албрехт работел како еден од првите европски државни службеници од основањето на Европската комисија во 1958 година. Живеела во Брисел до нејзината 13-годишна возраст Во 1971 година семејството се преселило во Хановер откако нејзиниот татко стана главен извршен директор на Балсон каде извршувал високи функции во Долна Саксонија меѓукои и премиер на Долна Саксонија од 1976 до 1990 година.

Урсула фон дер Лејен е потомок на баронот Лудвиг Кнуп, трговец со памук од Бремен и еден од најуспешните претприемачи на руската империја од 19 век. Таа е внука на диригентот Џорџ Александар Албрехт и првиот братучед на диригентот Марк Албрехт.

Таа е во брак со Хеикон фон дер Лејен, професор по медицина, извршен директор на компанија за медицински инженеринг и член на семејството фон дер Лејен, аристократско семејство, познати како трговци на свила и индустријалци. Урсула е мајка на седум деца.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот