Која е улогата на Новак во триумфот на Иванишевиќ на Вимблдон
Новак Ѓоковиќ и официјално потврди дека го засили тренерскиот тим со добро познато име, Горан Иванишевиќ кој е специјалист за игра на трева.
„ Навистина сум среќен што Горан прифати да соработуваме на Вимблдон. Израснав гледајќи го како игра на најголемите тениски турнири и навивав за него, а сега го имам во својот тим. Верувам дека многу луѓе се возбудени поради нашата соработка, а една личност е навистина среќна, Никола Пилиќ“, напиша Ѓоковиќ на својот профил на Инстаграм.
Првиот светски рекет објасни дека имал мала но важна улога во освојувањето на Вимблдон од страна на најновиот член на тренерскиот тим.
„Драг Ники Пилиќ, ти благодарам што ми даде можност на Горан да му ја носам ужината додека тој се подготвуваше за својот славен трофеј на Вимблдон во 2001 година. Бллагодарност и до Маријан Вајда кој прифати да го повикаме Горан во нашиот тим и со тоа да бидеме посилни пред овој важен турнир. Одиме“, напиша Ѓоковиќ.