Која е тајната на највкусниот омлет?

 

Подготовката на вкусен омлет не е привилегија на врвните готвачи. И вие можете брзо и лесно да го приготвите, со помош на неколку мали трикови. Уште ако го збогатите со додатоци како зеленчук, сирење, шунка, ќе направите вистинска гозба.

1. Тава – за почеток потребна ви е добра тава, со тешко дно и нелеплива површина. Таа треба да е доволно жешка, кога ќе капнете капка вода веднаш да испари.
2. Додатоци – ако ставате зеленчук, прво пропржете го. Ако ставате кашкавал, задолжително изрендајте го или исечете го на многу тенки листови. Доколку имате остатоци од вчерашниот ручек, како парче месо, подгрејте го во микровална пред да го додадете во омлетот. Јајцата добро изматете ги со вилушка или маталка, во посебен сад.
3. Печење – во врелата тава ставете малку масло или путер, а јајцата истурете ги веднаш. Ако добро се загреани тавата и маслото, јајцата веднаш ќе добијат кафеави рабови. Штом долниот дел од омлетот е печен со кујнска лопатка полека одвојте ги рабовите и превртете го на другата страна. Температурата на ринглата намалете ја до крај.
4. Додатоците како зеленчук, месо, сланина, кашкавал додајте ги на крај, преклопете ги јајцата преку нив (како плик) и оставете минута или две да се грее во тавчето. Проверете дали е добро загреано. Ако кашкавалот не е стопен, малку вклучете ја ринглата за да се стопи. На крај, за да изгледа убаво омлетот, навалете го тавчето и дозволете да се излизга во чинијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот