Која е таинствената Србинка, сопругата на Палмер, од која Дачиќ очекува многу?

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, во врска со именувањето на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, на Бледскиот форум рекол дека Америка со овој гест покажала дека сака да биде појасно присутна во регионот.

На прашањето модераторот што очекува од Палмер, рекол дека од американскиот функционер со кого се познава со години не очекува ништо, но дека очекува многу од неговата сопруга, која е од Србија.

– А во нашиот регион се вели – од каде ти е жената, и ти си оттаму – рекол Дачиќ.

Која е таинствената Србинка, жената на Метју Палмер, која ја спомнува Дачиќ?

Овој ветеран на Службата за надворешни работи на САД, за Србија, освен деловни, го поврзуваат и приватни врски, бидејќи неговата сопруга Даница е родена во Белград.

Тие се запознале пред неколку години, додека Палмер бил на положба на политички советник во американската амбасада во Белград. Тогаш, како што е откриено во интервју, тој рекол дека во српската престолнина ја запознал Даница Дамјановиќ, која подоцна му станала и сопруга.

– Сопругата Даница ја запознав во Белград пред неколку години. Иако таа е родена во Белград, фамилијата Дамјановиќ има корени во Црна Гора. Имаме куќа во Добра Вода кај Бар, каде го поминуваме поголемиот дел од летото – одговорил тој во 2014 година на прашање на подгорички Вјести, за каква поврзаност има со Црна Гора.

Докторката Даница Палмер дипломирала на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград и на пракса е повеќе од 20 години.

Според податоци, таа е вработена како психијатар во болница во Александрија, Вирџинија. Специјализирала дијагностика и лекување на ментални болести, како депресија, анксиозни пореметувања, злоупотреба на супстанци и шизофренија.

Зборува на шпански, српски и хрватски јазик.

Она што е посебно интересно е дека нејзина фотографија е невозможно да се најде на интернетот, што претставува чудо во време на социјални мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот