Која е сопругата на најбогатиот човек на светот? Ја завел свирајќи го Шопен

ФотоЧ

Титулата најбогат човек на светот денеска му припадна на Бернард Арно (73), сопственикот на луксузниот моден бренд „Луј Витон“, откако богатството на Илон Маск падна на 185,3 милијарди долари.

Бернард Арно, чие богатство се проценува на 185,4 милијарди долари, е француски деловен магнат и извршен директор на луксузниот бренд „Луј Витон“. Арно е во брак со Хелен Мерсие, светски позната концертна пијанистка од Канада. Хелен и Арно во брак се 21 година и имаат тројца синови.

Хелен Марсие кариерата на пијанистка ја започнала во Канада, каде освојувала бројни награди, а студирала на култниот Џулијард во Њујорк и на Парискиот конзерваториум.

Фото: Wikimedia commons

Хелен и Арно ги споила љубовта кон музиката, а се запознале во 1989 година на една вечера. Истата година заедно ја прославиле Нова година, а откако по прославата отишле во неговиот дом на чај, Хелен го замолила нешто да ѝ отсвири.

„Го свиреше Шопен. Рацете му трепереа, умираше од страв, но беше одлучен да отсвири до крај“, открила Хелен Мерсие за „Волстрит журнал“.

Осум месеци по таа вечер, се венчале, а на приватната церемонија присуствувале само пет луѓе.


Арно и Мерсие имаат тројца синови. Најстариот Александер е директор на „Rimowa“, луксузен бренд за патен багаж, а нивниот втор син Федерик, исто така, е дел од семејниот бизнис, додека најмладиот Жан (20) сѐ уште не е влезен во деловните води. Во семејниот бизнис се и двете деца на Бернард Арно од првиот брак со Ен Деваврин – ќерката Делфин (47) и синот Антоан (47).

Бернард Арно и Хелен Мерсие го привлекоа вниманието на јавноста во 2019 година кога донираа 222 милиони долари како помош во реставрацијата на опожарената црква Нотр Дам во Париз.

Истата година тие донираа 11 милиони долари за да помогнат во гасењето на пожарот што го зафати Амазон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот