Која е ПРВАТА ТРАНСРОДНА манекенка на Victoria’s Secret? (ФОТО)

Profimedia

По бројните вербални напади и бојкотот на потрошувачите поради изразената естетска униформираност, модната куќа Victoria’s Secret одлучи да ја смени својата политика. Ја ангажираше првата трансродна манекенка, чија физичка убавина може да се мери со најубавите манекенки во светот.

Станува збор за Валентина Сампаио, модел, манекенка и глумица која е првата трансродна личност во историјата што се појавила на насловната на „Вог“.

Таа е 22-годишна Бразилка која е родена како момче, а на возраст од 8 години сфатила дека всушност се чувствува како девојче. Четири години подоцна го сменила името во Валентина.

Откако категорично негираше дека треба да имаат трансродни личца во ревијата во ноември минатата година, Ед Разек, маркетинг-директорот на компанијата, беше под силен притисок откако половина интернет се побуни против неговите зборови.

Разек на својот твитер-профил се извини, велејќи дека веќе го разгледувале кастингот на трансродни модели за ревија и дека никогаш не станувало збор за полот.

Со оглед на тоа што оваа година ревијата нема да се одржи, Валентина Сампаио ќе ја гледаме само на билбордите и на другите рекламни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот