КОЈА Е ПОВРЗАНОСТА на бугарскиот новинар, снимката од шпионската афера, С-400 и Србија?

Фото: Принтскрин

Претседателот на собраниската комисија за Косово и Метохија во српскиот Парламент, Милован Дрецун вели дека против Србија веќе долго време се водат низа на хибридни операции од повеќе страни.

Доказ за тоа е, како што вели тој, случајот со објавената снимка, на која руски разузнавач наводно дава пари на српски службеник.

„Неопходно е Србија да го доправи својот механизам за одбрана од тие хибридни операции кои се насочени на тоа да се влијае на внатрешната и надворешната политика на земјата“, рекол Дрецун за РТС.

„Ова е составен дел од една хибридна операција, која е темпирана пред доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин“, додал тој.

Тој укажал дека малку се знае за снимката и дека има многу непроверени работи.

„Самата снимка, кога ќе погледнете, е прилично аматерски направена, а од друга страна, се поставува прашањето која е таа странска служба, ако не е нашата, која е спремна да изведе таква операција – да можат да следат двајца, да го знаат местото на нивната средба, да снимаат од автомобил кога надвор се сретнуваат, нивниот разговор во ресторанот, содржината на ќесата и местото каде изгледа престојува рускиот агент“, рекол Дрецун.

Коментирајќи ги медиумски наводи дека снимката била пуштена од САД, по 50 обиди кои биле запрени од Русија, Дрецун вели дека може да се нагаѓа. Меѓутоа, укажува на амбиентот во кој снимката е објавена и додава дека бугарскиот истражувачки новинар изгледа стои зад тоа објавување.

„Тој тврди дека не знае кој ја пуштил снимката, но изгледа постојат механизми преку кои одредени поединци и служби можат да пласираат информации во јавноста“, рекол Дрецун.

Тој потсетил дека и Бугарија неодамна жестоко реагирала на присуството на ракетниот систем С-400 на заедничките вежби на Србија и Русија и оценил дека приказната може да наштети на руско-српските интереси.

Дрецун укажал и на вчерашната реакција на Атлантскиот совет во Бугарија, која како што вели тој поминала незабележана и смета дека има некоја поврзаност.

„Тие ги предупредија бугарските функционери дека на територијата на земјата се водат прави хибридни операции на Русија и дека целта е припрема на терористички напади во соседните земји“, наведува Дрецун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот