Која е подобра за вас? Клучни разлики меѓу платнените и хируршките маски

Profimedia

Физичката бариера што настанува со правилно носење на маската за лице може да пружи одредена заштита против поголемите капки, во кои може да се наоѓа вирусот.

Претходните препораки засновани на информации и упатства со кои се располагаше, зборуваа дека само лицата со акутни респираторни инфекции треба да носат маска што ги покрива устата и носот на корисникот. Меѓутоа, носењето еднократни маски за лице на јавни места каде што не може да се одржува безбедно растојание, како јавен превоз, продавници, банки или дури на работното место, би можело да помогне во намалувањето на ширењето на ковид-19. Маските може да ја кренат свеста за физичката оддалеченост и здравствено освестено однесување.

Маски за лице

Маските за лице, во најширока смисла, се изработуваат од комерцијално достапни двослојни памучни материјали со погусто ткаење и се носат во секојдневниот живот. За оптимална ефикасност, двослојната памучна текстилна маска за лице, која има улога на текстилна бариера, треба правилно да се носи (односно цврсто да се прилепи на носот и на устата), да се менува ако е мокра и да не се допира додека се носи.

Упатства за ракување со маска за лице

Најдобра заштита од потенцијалното пренесување на вирусот и натаму е одржувањето физичка дистанца од другите лица, кои потенцијално се носители на вирусот. Без оглед на тоа, физичката бариера што настанува со правилно носење на маската за лице може да пружи одредена заштита против поголемите капки во кои може да се наоѓа вирусот и да спречи допирање на слузницата на носот/устата со валкани раце. Таквите маски за лице може, како и другите текстилни предмети, да го забават струењето на издишаниот воздух или преносот на респираторни капки и да ја засилат свеста за потребата за физичко растојание, како и за повнимателно однесување кон себе и кон другите за заштита на здравјето. На тој начин може да се придонесе за намалување на понатамошно ширење на новиот коронавирус, а во тој контекст за изработка на маски за лице посоодветни се памучни двослојни материјали со густо ткаење.

Кога носите маска за лице, треба строго да се придржувате на следните правила:

– Маските мора да се користат само за лична потреба.

– Неопходно е и понатаму да се придржувате до сите пропишани хигиенски мерки, назначени во препораките на Заводот за јавно здравје.

– Дури и во текот на носењето маска за лице, според препораката на СЗО треба да се одржува растојание од два метра помеѓу луѓето.

– При ставањето на маската, треба да водите сметка за тоа дека на лицето се става секогаш внатрешната страна на маската.

– Една маска носи само една личност, носените маски не смеат да се делат со други луѓе.

– Пред првата употреба, пожелно е маската да се испере и барем да се испегла со пегла наместена на температура за пеглање памучни/ленени ткаенини.

– Пред и по ставањето на маската, рацете треба темелно да се измијат со сапун и вода.

– Маската треба да ги покрива устата, носот и дел од лицето, а на работ мора колку што е можно потесно да биде прилепена за лицето, за да може што е можно повеќе да се намали протокот на воздухот надвор од маската.

– Кога користите првпат маска, проверете дали маската пропушта доволно воздух за да го спречите нормалното дишење што е можно помалку.

– Навлажнетата маска треба да се извади и да се замени со нова, сува.

– На надворешната страна на маската потенцијално може да се најде вирус. За да се спречи контаминација на рацете, треба да се избегнува допирање на надворешната страна на маската.

– По вадењето, маската треба да се стави во ќесе или слично и добро да се затвори или веднаш да се испере. За да се спречи појавата на мувла, не е препорачливо маската долго да се чува затворена по носењето.

– Маската по едно носење треба во идеални услови да се испере на 95 степени, а најмалку на 60 степени и темелно да се исуши.

– Ако постојат упатства на производителот, задолжително и во целост треба да се придржувате кон нив.

Медицински маски (хируршки)

Медицинските/хируршки маски првенствено се користат за заштита на другите лица од изложување на потенцијално заразните капки на онаа личност што носи маска. Нивната примена е еднократна. Адекватната маска, исто така, во одредена мера го штити корисникот на маската кога е цврсто прицврстена.

Првенствено се користат во медицински цели и служат за спречување на ширењето на капките од издишаниот воздух на пациентот или на друго лице и може да го заштитат подрачјето на устата и носот од директното влијание на поголемите капки од друга личност, како и од преносот на патогени со директен допир со рацете.

Филтрирачки полумаски со и без вентил (ФФП2 и ФФП3)

Филтрирачките полумаски (ФФП) се вбројуваат во лична заштитна опрема (ЛЗО) во контекст на безбедност при работа и се наменети за заштита од честички, капки и аеросоли во здравствените установи. Нивната примена е еднократна. Дизајнот на маските за филтрирање е различен. Постојат маски без вентил за издишување и маски со вентил за издишување. Маските без вентил го филтрираат вдишаниот и издишениот воздух и затоа обезбедуваат и самозаштита и надворешна заштита. Маските за вентил го филтрираат само вдишениот воздух и затоа обезбедуваат самозаштита.

Отстапувајќи од наведеното во исклучителни случаи, ФФП маските можат да се сметаат и како медицински производи ако немаат вентил за издишување (односно воздухот се филтрира во текот на вдишувања и издишувања).

Таквите маски се носат во ситуации кога е познато дека обезбедуваат непосредна здравствена заштита на заразената личност, при зафатите во кои се создава аеросол, бидејќи запираат 95 отсто и повеќе, или 98 отсто и повеќе честички во зависност од јачината на филтрацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот